![]() |
|||||||
| четврток, 16. февруари 2006 19:52 |
|
English | |||||
|
ЦЕНТАР ЗА ПЕРМАКУЛТУРА И МИРОГРАДБА ОГРАНОК ШТИП
Мисија на Центар за Пермакултура и Мироградба:
Мисијата на Центар за Пермакултура и Мироградба е мисија и на огранокот на оваа организација во Штип. За остварување на мисијата на Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, организацијата работи на три програми, и тоа:
Секоја од програмите на ППЦ Штип се реализира во рамките на ППЦ Штип и во меѓусебна соработка на сите програми. Секоја од прогамите има Координатор на Програмата кој е одговорен за реализацијата на програмата. Во рамките на секоја од програмите детално се дизајнира програмата и се создаваат основните документи, ресурси и насоки за работа. Исто така, секоја програма гради своја структура за реализација. Програмите се координираат меѓусебно преку работата на Извршниот Орган на ППЦ Штип. КАКО СЕ ФОРМИРАВМЕ После период од две години активна работа и соработка на основачите на ППЦ Штип, решивме да формираме нова организација која ќе ги покрие областите за работа кои недостасуваа во НВО секторот, а од друга страна се очигледна потреба на граѓаните, како екологија, демократија и економија. Ги здруживме капацитетите на секој поединечен член и се посветивме на работа на овие полиња на транспарентен и одговорен начин и од тогаш спроведуваме активности директно насочени кон заедницата кои предизвикуваат општествени промени. По периодот на планирање, ППЦ формално се регистрираше на 08 декември 2004 во Основниот Суд во Штип, Македонија. СТАТУТАРНИ ОПРЕДЕЛБИ
Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, со скратен назив ППЦ Штип, од Штип е непрофитно, невладино и неполитичко здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување на активности во насока на остварување на заедничка цел: Грижа за луѓето - Грижа за земјата.
Седиштето на ППЦ Штип е на адреса Христијан Карпош 43, 2000 Штип. ППЦ Штип се организира и делува на подрачјето на Штип и источниот регион на Република Македонија.
Граѓаните се здружени во ППЦ Штип заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи ги имаат утврдено следните:
Органи на ППЦ Штип се:
ППЦ Штип го претставува и застапува Претседателот на Собранието на ППЦ Штип, кој е воедно и Претседател на Извршниот Одбор и Претседател на ППЦ Штип.
Работата на ППЦ Штип е јавна
|
|||
|
© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net |
|||