Центар за Пермакултура и Мироградба - огранок Штип (ППЦ Штип) : : : : Добродојдовте на нашата Интернет страница
четврток, 19. јануари 2006 00:24        

 

  English
:: Актуелно
:: ППЦ Штип
:: Економија - програма
:: Економија - иницијативи
:: Екологија - програма
:: Екологија - иницијативи
:: Демократија - програма
:: Демократија - иницијативи
:: Публикации
:: Ракотворби
:: Структура, тим
:: Контакти

:: Линкови ::

 

Хуманитарно Здружение на Ромите во Македонија „Сонце“

 

 
 
 

 

 

 

ПРОГРАМА ЗА ЕКОНОМИЈА

 

Програмата за економија, со посебен осврт на неформалната економија е посебна целина која е насочена кон подобрување на положбата на лицата - повеќето жени кои работат во  конфекциската индустрија, вршат работа дома или продаваат на улица, а спаѓаат во неформални работници. Во рамките на оваа програма се работи на неколку приоритети:

  1. Подршка на работниците кои вршат работа дома

  2. Подршка на работниците (90%) жени кои работат во конфекциите во Македонија

  3. Промоција на меѓународните стандарди за работните односи

  4. Развој и склучување на партнерства со меѓународни организации со исти или слични приоритети

  5. Развој на претприемништво

По однос на дадените приоритети, Центар за Пермакултура и Мироградба -  Штип, Програма за Економија, ќе работи на остварување на различни цели преку различни методи на работа.

 

ПОДРШКА НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ ВРШАТ РАБОТА ДОМА

- да се прошират знаењата на неформалните работници во насока на заштита на нивните права

- да се организираат лицата кои вршат работа дома во нивната акција за видливост

- да се создадат услови за подобрување на економската положба на работниците кои вршат работа дома

- да се прошири знаењето и познавањето на различните видови работа дома во другите земји

- да се промовира и оствари соработка со работници кои вршат работа дома од други земји

 

ПОДРШКА НА РАБОТНИЦИТЕ –90% ЖЕНИ КОИ РАБОТАТ ВО КОНФЕКЦИИТЕ

Во однос на овој приоритет, Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, ќе работи на реализација на целите:

- да се поттикнат процесите за соработка помеѓу заинтересираните страни на национално и на меѓународно ниво

- да се даде правна заштита на работниците

- да се овозможи имплементација на меѓународните осум стандарди во синџирот на набавки

- да се информира јавноста особено потрошувачите за условите во кои се произведуваа облеката во конфекциите

- да се застапува и да се лобира за интересите на работниците на национално и на меѓународно ниво

 

ПРОМОЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

- да се запознаат работниците со меѓународните конвенции на МОТ

- да се известува за прекршувањата до меѓународните комисии и други органи

- да се даде подршка во усогласување на националните закони со меѓународните конвенции

 

РАЗВОЈ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВА СО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ СО ИСТИ ИЛИ СЛИЧНИ ПРИОРИТЕТИ

- да се развие соработка и размена на знаење и искуства со организации надвор од Македонија преку студиски посети и размена на волонтери.

- да се партиципира на меѓународни семинари и средби организирани од меѓународни организации

 

РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

- да се развијат вештини и знаења кај граѓаните воопшто за претприемништво

- да се поврзат македонските претприемачи со меѓународни претриемачи во насока на размена на искуства и знаења како и развој на соработка

 

Целите кои се поставени во рамките на приоритетите на Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за неформалната економија се генерални и се воведени како насоки за работа на организацијата. Истите ќе се остваруваат на тој начин што на годишно и стратешко ниво ќе се специфицираат и ќе служат како основа за градење конкретни програми, проекти и активности кои ќе се реализираат во насока на остварување на целите и приоритетите.

© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net