![]() |
|||||||
| среда, 18. јануари 2006 23:49 |
|
English | |||||
|
ПРОГРАМА ЗА ЕКОЛОГИЈА
Програмата за екологија е посебна целина која е насочена кон развој на еколошката свест кај граѓаните за почиста и поздрава животна средина и превземање на активности и акции со кои се подобруваат различните аспекти на животната средина. Во рамките на оваа програма се работи на неколку приоритети: a. Брегалница - загадена и еколошки нечиста река b. Намалување на отпадоците во градот c. Подигање на еколошката свест кај граѓаните d. Граѓански акции и иницијативи за намалување на загаденоста e. Сервис за подобрување на животната средина и уредување на градот f. Здрава храна
По однос на дадените приоритети, Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за Екологија, ќе работи на остварување на различни цели преку различни методи на работа.
БРЕГАЛНИЦА - ЗАГАДЕНА И ЕКОЛОШКИ НЕЧИСТА РЕКА Во однос на реката Брегалница ППЦ Штип ќе работи на остварување на следните цели: - да се редуцираат отпадните води во реката - да се намали загадувањето на реката од страна на граѓаните - да се оствари соработка со други организации за заедничко решавање на проблемот со загаденоста на водите
НАМАЛУВАЊЕ НА ОТПАДОЦИТЕ ВО ГРАДОТ - да се реализира перманентно намалување на отпадоците низ градот - да се реализираат активности за селекција на отпадоците - да се реализираат активности и кампањи за рециклирање на отпадоците - да се реализираат активности и кампањи за решавање на проблемите со депонирање на отпадоците
ПОДИГАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ - да се советуваат граѓаните во врска со прашања во врска со екологијата - да се реализираат кампањи за потенцирање на проблемите со загаденоста на градот - да се реализираат кампањи за важноста од чиста и здрава средина - да се реализираат активности за укажување на можности дека секој граѓанин може да допринесе за почиста и поздрава средина
ГРАЃАНСКИ АКЦИИ И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА ППЦ Штип ќе поддржува и иницира граѓански акции и активности во насока на намалување на загаденоста на градот и пошироко, како и за подобрување на севкупната еколошка состојба. Со ова ќе се поддржуваат иницијативи во насока на подобрување на квалитетот и чистотата на водите, воздухот и почвата, чистотата на животната средина, подобрување на квалитетот на исхрана и условите за здрав живот, подобрување на условите за работа и тн.
СЕРВИС ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДОТ ППЦ Штип, во рамките на своите активности може да основа, развива и одржува непрофитни и профитни сервиси за унапредување на животната средина, што опфаќа: - да се реализира прибирање и селекција на отпад - да се рециклира отпадот - да се уредуваат зелени површини во градот - други сервиси во однос на потребите на граѓаните и потребите поврзани со екологијата и здравата животна средина идентификувани од ППЦ Штип
ЗДРАВА ХРАНА Како еден од основните аспекти на животот на граѓаните, нивната здравствена состојба и условите за здрав живот постојано треба да се унапредуваат и подобруваат. Од тој аспект ППЦ Штип ќе ги остварува следните цели: - да се промовираат начини за добивање здрава храна - да се реализираат промотивни активности за потрошувачите во однос на здравата исхрана - да се вршат активности за лобирање и застапување пред наделжнтие за воведување на методи за производство на здрава храна - да се анализираат нови можности за производство на здрава храна - да се промовираат позитивни искуства и практики за здрава храна |
||
|
© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net |
||