![]() |
|||||||
| петок, 17. февруари 2006 02:14 |
|
English | |||||
|
ИНИЦИЈАТИВИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОЛОГИЈА
Проект 1 ЗАЕДНО ДО ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Во програмата за екологија, Центарот за Пермакултура и Мироградба – Штип, аплицираше предлог проект, насловен „Заедно до почиста животна средина“ на конкурсот објавен од страна на Регионалниот Центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, во рамките на проектот „Градење на стратегија за имплементација на Архуската Конвенција во Република Македонија“, со наслов „Подобрување на Практиките Учество на јавноста“.
Архуската конвенција претставува меѓународен договор, чие што полно име е „Конвенција за пристап до информации , учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина“. Оваа Конвенција е усвоена на 25 јуни 1998г. на четвртата министерска конференција „Животна средина за Европа“, одржана во данскиот град Архус , под покровитество на Економската комисија на ОН за Европа. Конвенцијата ја имаат ратификувано 9 земји, меѓу кои е и Република Македонија.
Проектот „Заедно до почиста животна средина“ се однесува на запознавањето на јавноста со постоењето на Архуската Конвенција и практицирањето на правото, јавноста да се вклучи во процесот на донесување на одлуки во однос на еко прашања. Поконкретно, реализацијата на проектот предвидува изготвување на Акционен План за менаџирање на ѓубрето во Општина Штип, во чие изготвување ќе бидат вклученијавните авторитети, кои го допираат ова прашање, секако земајки ги предвид коментарите, мислењата и сугестиите на граѓаните.
Проектот е одобрен и ќе се реализира во период од 6 месеци, почнувајќи од февруари.
Активност 1 СКЕНИРАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ШТИП
Согласно програмските определби во сферата на екологијата беше направено скенирање на терен. Она што можеше да се забележи се дивите депонии во централните подрачја на градот.
За таа цел ППЦ Штип
одлучи да работи во насока на надминување на проблемот со цв
|
||
|
© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net |
||