Центар за Пермакултура и Мироградба - огранок Штип (ППЦ Штип) : : : : Добродојдовте на нашата Интернет страница
среда, 18. јануари 2006 23:47        

 

  English
:: Актуелно
:: ППЦ Штип
:: Економија - програма
:: Економија - иницијативи
:: Екологија - програма
:: Екологија - иницијативи
:: Демократија - програма
:: Демократија - иницијативи
:: Публикации
:: Ракотворби
:: Структура, тим
:: Контакти

:: Линкови ::

 

Хуманитарно Здружение на Ромите во Македонија „Сонце“

 

 
 
 

 

 

 

 
 
 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА ЗА ДЕМОКРАТИЈА

 

Програмата за демократија е посебна целина која е насочена кон развој на демократијата и демократските процеси. Во рамките на оваа програма се работи на неколку приоритети:

 a.       Меѓуетнички односи

 b.      Меѓународна интеграција

 c.       Развој и унапредување на граѓанскиот сектор

 d.      Прилагодување на правниот систем кон потребите на граѓаните

 e.       Развој на демократските процеси

 f.        Владеење на правото

 

По однос на дадените приоритети, Центар за Пермакултура и Мироградба -  Штип, Програма за Демократија, ќе работи на остварување на различни цели преку различни методи на работа.

 

МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Во рамките на работата на првиот приоритет кој се однесува на меѓуетничките односи, Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програмата за Демократија ќе работи на остварување на следните цели:

-         да се релаксираат односите помеѓу различните етнички заедници

-         да се надминат стереотипите и предрасудите кои постојат помеѓу заедниците

-         да се обезбеди правична застапеност на етничките заедници и нивна интеграција во сите сфери на општественото живеење

-         да се постигне толеранција кон различностите и дијалог

-         да се прошири знаењето и познавањето на различните култури, традиции и обележја

-         да се промовира и оствари еднаквост и рамноправност на граѓаните

-         да се практикуваат меѓународните и домашните прописи кои се однесуваат на човековите права и правата на малцинствата

-         да се поттикнува прекугранична и меѓународна соработка во интерес на етничките заедници

-         да се развиваат заедниците и да се постигне балансиран напредок во општеството

  

МЕЃУНАРОДНА ИНТЕГРАЦИЈА

Во однос на меѓународната интеграција, Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за Демократија ќе работи на реализација на целите:

-         да се поттикнат процесите за соработка на меѓународно ниво

-         да се применат позитивните меѓународни примери за општествен развој со соодветно прилагодување

-         да се објават сопствените искуства пред меѓународната јавност

-         да се промовираат и практицираат меѓународните стандарди

-         да се застапуваат и да се лобира за интересите на граѓаните на меѓународно ниво

 

РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Како организација која обединува човечки и материјални капацитети од областа на граѓанскиот сектор, Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програмата за Демократија ќе работи унапредување и развој на сопствените капацитети и воопшто капацитетите на севкупниот граѓански сектор. Целите се:

-         да се градат капацитетите на организацијата преку унапредување и развој на знаењата, вештините, искуството и капацитетите на тековните и нови човекови ресурси

-         да се обезбедуваат материјални ресурси и да се промовира и обезбеди независна одржливост на организацијата

-         да се споделуваат ресурсите и капацитетите со останатиот дел од граѓанскиот сектор преку заедничка работа

-         да се разменуваат искуства со останатите организации

-         да се разменуваат искуства во однос на граѓанскиот сектор на меѓународно ниво

 

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРАВНИОТ СИСТЕМ КОН ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Во согласност со потребите на граѓаните и општествените трендови Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за Демократија ќе настојува да промовира развој и напредок на правниот систем и негово прилагодување кон текотвните граѓански потреби:

-         да се следат потребите на граѓаните кои се однесуваат на правната рамка

-         да се предлагаат и застапуваат измени и подобрувања на правниот систем согласност потребите

-         да се прилагоди правниот систем кон меѓународните правни рамки

-         да се промовира правниот систем пред граѓаните

 

РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ

Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за Демократија ќе работи на развој на демократските процеси и трендови и ќе ги промовира демократските вредности и норми. За овој приоритет важат целите:

-         да се промовира правото на слободен избор и определување

-         да се промовира еднаквоста на граѓаните без оглед на нивние определби и убедувања

-         да се поттикнат граѓаните не активно учество во владеењето и донесувањето на одлуки од нивни интерес

 

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Како приоритет кој е основа за остварување на останатите приоритети на Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за Демократија, истата ќе вложува напори за постигнување на владеење на правото. Во оваа насока целите на организацијата се:

-         да се промовира независност на судскиот систем

-         да се промовира почитување на правниот систем од сите граѓани поддеднакво и во истата насока правично и пропорционално санкционирање на непочитувањето на правото

-         да се промовира партиципаторниот пристап како мерка за обезбедување сестрана согласност со правните принципи и прописи

-         да се промовираат, унапредуваат и поддржат институциите надлежни за спроведување на правото во пракса

-         да се промовираат позитивни примери и соработка

 

Целите кои се поставени во рамките на приоритетите на Центар за Пермакултура и Мироградба - Штип, Програма за Демократија се генерални и се воведени како насоки за работа на организацијата. Истите ќе се остваруваат на тој начин што на годишно и стратешко ниво ќе се специфицираат и ќе служат како основа за градење конкретни програми, проекти и активности кои ќе се реализираат во насока на остварување на целите и приоритетите.

 

© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net