Центар за Пермакултура и Мироградба - огранок Штип (ППЦ Штип) : : : : Добродојдовте на нашата Интернет страница
петок, 28. јули 2006 11:35        

 

  English
:: Актуелно
:: ППЦ Штип
:: Економија - програма
:: Економија - иницијативи
:: Екологија - програма
:: Екологија - иницијативи
:: Демократија - програма
:: Демократија - иницијативи
:: Публикации
:: Ракотворби
:: Структура, тим
:: Контакти

:: Линкови ::

 

Хуманитарно Здружение на Ромите во Македонија „Сонце“

 

 

 

 

 

АРХИВА - 2005

 

ИЗЛОЖБА ЗА ФЕР УСЛОВИ НА ЖЕНИТЕ

КОИ ЈА ОБЛЕКУВААТ ЕВРОПА

 

Во рамките на проектот Фер услови за жените кои ја облекуваат Европа во октомври 2005 се одржаа улични изложби во Штип, Тетово и Делчево, дебати и работилници со млади со цел промоција на осумтте меѓународни стандарди за работни права во конфекциската индустрија пропишани во Конвенциите на Меѓународната Организација на трудот.

На изложбата беа поставени фотографии и карикатури на кои беа сликовито претставени осумтте стандарди, се делеа промотивни материјали.

Изложбата ја посетија претставници на медиумите, граѓаните, работнички, синдикатите, трудови инспектори, претставници на локалната самоуправа. Секој посетител имаше можност да адресира разгледница до оној кој мисли дека може да им помогне на жените - работнички во конфекциите.

Над 600 разгледници  беа потпишани и испратени до институциите кои граѓаните ги адресираа со надеж дека повиканите ќе се завземат за подобрување на работните услови во конфекциската индустрија во која најголемиот дел од вработените се жени.

 

 

ТКАЈАЧКА РАБОТИЛНИЦА

Во склоп на проектот "Градење на регионални центри за жени кои работат дома", предвидено е одржување на работилници со жените. За таа цел во просториите на Центарот за Пермакултура и Мироградба Штип, на ден 18 и 19 Септември 2005 година се одржа ткајачка работилница на која присуствуваа жени кои ткаат од Македонија и Србија.

 

Целта на оваа работилница беше да се разменат искуства, идеи, знаење и техники на ткаење помеѓу жените од двете држави. На работилницата присуствуваат 8 жени, од кои 3 од Србија и 5 од Македонија.

На располагање беа 2 разбоја и свилени конци и предена волна во боја со чија помош жените изработија различни дезени и мотиви. Беа исткаени 1 свилен шал во кои беа вметнати најразличните техники на ткаење и различни  модели на ткаени шалови и завеси.   

 

Работилницата беше успешна бидејки  се разменија различните искуства, идеи, знаења и интереси во контекстот на самата техниката на ткаење.

 

Работилницата беше медиумски покриена од локалните ТВ станици.

 

 

 

© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net