![]() |
|||||||
| среда, 29. април 2009 00:23 |
|
English | |||||
|
АКТУЕЛНО
„НАШИТЕ ПРИКАЗНИ НИЗ НИВНИОТ ОБЈЕКТИВ. ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА СОЗДАДЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЖЕНИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ ВО СОСЕДНИТЕ ИСТОЧНИ ЗЕМЈИ НА ЕУ, БАЛКАНОТ И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА“ „Нашите приказни низ нивниот објектив“: Подигање на јавната свест за создадените проблеми со кои се соочуваат жените во земјите во развој во соседните источни земји на ЕУ, Балканот и Централна Азија“ е тригодишен проект (март 2008-март 2011) кој се имплементира од страна на KARAT Coalition – Полска, во партнерство со GenderMediaCaucasus Journalists' Association (Грузија), Центарот за Пермакултура и Мироградба Штип (Македонија), Slovak Centre for Communication and Development (Словачка), Women in Development Europe - WIDE (Белгија) и WOMNET (Германија). Целта на проектот е да подигне јавната свест во ЕУ, особено новите земји членки од Централна и Источна Европа за социо економските проблеми со кои се соочуваат жените во соседните земји во развој во Источна Европа, Централна Азија и Балканот. Проектот е реализиран со подршка на Европската Унија. Карат е водечка организација во проектот во согласност со родовата и развојна програма на Коалицијата. Проектот воедно ќе го зајакне линкот помеѓу родово фокусираните организации (вклучувајќи ги организациите членки на Коалицијата) од новите земји членки и другите земји од Централна и Источна Европа. Активностите вклучуваат подготовка и презентација на информации во форма на изложба на фотографии и публикации со содржина за социо економските проблеми со кои се соочуваат жените Албанија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Казахстан, Киргистан, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Украина и Узбекистан. Целта на публикациите е да се надминат стереотипите за социо-економските проблеми со кои се соочуваат жените и да се мобилизира јавна подршка во ЕУ за родово-сензитивни стратегии и развојни политики. Изложба на фотографииПрвата изложба на фотографии „Нашите приказни низ нивниот објектив“ беше комбинирана со избор на победнички и се одржа во Варшава на 23ти Јануари 2009 година. Во 2009 година фотографиите ќе бидат изложени и во Словачка и Германија, а во 2010 година и во Брисел. Ако сте заинтересирани да ги изложете фотографиите во вашата организација/институција/компанија или сакате да ги изложете на некој настан слободно контактирајте ја Марта Гонтарска (marta.gontarska@karat.org.pl). За повеќе информации за проектните активности посетете ја веб страницата на Карат Коалицијата: www.karat.org
ЈАС НЕ СУМ ПЛАСТИЧНО ЌЕСЕ! Крајот на март 2008 година, ППЦ Штип покрена иницијатива за организирање на пилот акција за замена на пластичните ќеси со хартиени во супермаркетите во општина Штип. Акцијата претставуваше и градење на јавно приватно партнерство преку подржување на иницијативата од страна на супермаркетите: Зендолино-Комерц, Макпромет, Кит-Го, и Тинекс и општина Штип. Акцијата беше дел од програмата за екологија на општина Штип која веќе се реализира секоја година во партнерство со НВОи. Дистрибуцијата на хартиерните ќеси наместо пластични се одржа на 22 април 2008 година во супермаркетите. Од спроведеното анкетирање истиот ден на потрошувачите во супермаркетите се потврди подршката на 94.8% од граѓаните за чиста животна околина, спремоста кај 88.9% да се вклучат во еколошка акција и промоцијата на употреба на хартиерни ќеси. 75.1% од граѓаните изјавија спремност да вршат селекција на пластиката во своите домаќинства. Акцијата беше медиумски покриена од страна на ТВ Ирис.
ЗЕЛЕНО, GREEN, BESHËM, GRUNE, VERTE... НЕКА СЕКОЈ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗЕЛЕНА ЕВРОПА Проектот се реализираше во 2008 година со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Проектот придонесе кон стекнување на нови и продлабочување на веќе постоечките знаења од областа на заштитата на животната средина кај 40 ученици од основните училишта, преку одржување на обуки од страна на стручно лицес за тоа што значи здрава животна средина, пласирање на информации за позитивните практики во некои земји членки на ЕУ и публикување на стрипови соодветни на возраста и нивна дистрибуција, на подрачје на општина Штип, во перод од осум месеци.
Постигнати резултати: Оформена работна група од педагози, наставници по
биологија и експерт; изготвена содржина наменета за обука на учениците од
основните училишта; зголемено ниво на стекнати и продлабочување на
постоечки знаења кај 40 ученици од 4 основни училишта во општина Штип;
одржани 4 обуки за тоа што значи здрава животна средина на две возрасни
групи; одржани 4 работилници за изготвување на содржина на стриповите;
реализиран квиз на локална телевизија Ирис; создадени алатки за
мултипликација на проектните цели и активности во други општини и
училишта; изготвен стрип со партиципирачки пристап; информирани 100 Проектот претставува дел од Акциониот план за управување со црвтстиот отпад на општина Штип, подготвен на иницијатива на ППЦ Штип и усвоен од општина Штип.
|
|||||||||||||
|
© Copyright 2005, Permaculture and Peacebuilding Centre - branch office Shtip; Web site developed by m-ama-net |
|||||||||||||