назад кон актуелно

 

 

АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА МЕНАЏИРАЊЕ СО

ЦВРСТ ОТПАД ВО ОПШТИНА ШТИП

 

:: НАЦРТ ВЕРЗИЈА ::

 

Визија

            Во 2010 година проблемот со цврстиот отпад во Општина Штип е веќе морничаво, поучно минато. Постои висока еколошка свест кај граѓаните и тие се помалку го толерираат загадувањето на околината со отпадоци. Ефикасниот  инспекциски надзор и мандатните казни ги приморуваат понесовесните граѓани да ги почитуваат правилата за цврстиот отпад на заедницата.

             Отпадот, организирано, ноќе се собира од сите урбани заедници и се носи на регионалната санитарна депонија. Нелегални депонии и преполни контејнери во урбаните заедници веќе нема. Се прават планови за собирање на отпадот од селските населби.

             Селективното собирање на отпадот во пилот Урбаната Заедница се покажа како успешно и почнува да се практикува во останатите населби. Одвоено се собираат само оние видови отпад коишто имаат економско оправдување.

            Локалната самоуправа има развиено солиден информативен систем за животната средина и соработува со владините институции, јавното комунално претпријатие, бизнис секторот и граѓаните. Оттаму се развива и систем за поекономично регионално депонирање на сите видови отпад. Притиснати од барањата на купувачите претпријатијата, индустрискиот сектор и секторот на услуги воведуваат системи на еколошки менаџмент. За извозно ориентираните фирми тоа е веќе вообичаена пракса.

             Јавното комунално претпријатие е добро организирано и опремено, а стручниот кадар постојано го подобрува системот за управување со отпад. ЈКП има добра логистика на собитање на отпадот, соработка со корисниците, 95%-на наплата на услугите и политичко разбирање на локалната средина.

             Со решавање на проблемот со цврстиот отпад, граѓаните на Општина Штип се чекор напред во остварување на правото на здрава животна средина, и охрабрени, со верба дека сами можат да си го креираат животот, пристапуваат кон решавање на сите други проблеми во заедницата.

 

Листа на приоритетни потреби/проблеми 

1.      Ниска еколошка свест и поголема толеранција на граѓаните кон цврстиот отпад;

2.      Непрактикување на еколошко управување со цврстиот отпад;

3.      Незаинтересираност на бизнис секторот за решавање на состојбите со цврстиот отпад и непрепознавање на отпадот како суровина;

4.      Неспроведување  на законите и некомплетна законска регулатива за управување со цврстиот отпад;

5.      Несоработка (хоризонтална и вертикална) помеѓу државните и локалните власти, јавните претпријатија, бизнис секторот и граѓаните.

 

 Цели 

1.      Да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да се намали         нивната толеранција кон цврстиот отпад

2.      Да се воведе еколошко управување со цврстиот отпад

3.      Да се иницира намалување и згрижување на индустрискиот отпад

4.      Да се иницира забрзано дооформување на законската регулатива за цврстиот отпад и нејзина имплементација

5.      Да се подобри соработката на сите нивоа помеѓу државните и локалните власти, бизнис секторот и граѓаните.

 

Активности за решавање на проблемите со цврстиот отпад 

Активност

Очекувани резултати

Показатели на успех

Извори на верификација

Цел 1:  Да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да се намали нивната толеранција кон цврстиот отпад

1.1. Едукација на децата од предшколска возраст

90% од децата се запознати како да постапуваат граѓаните со отпадот

-         број на предавања во детските градинки

-         % на познавање од анкета

Детски градинки:

-         Вера Циривири- Трена

-         Астибо

-         во соработка со НВОи

1.2. Едукација на децата од основните и средните училишта

90% од децата во основ.и сред.училишта ги познаваат проблемите и начините на превенција со отпадот

-         број на предавања во основните и средните училишта

-         % на познавање од анкета

-         Основни училишта: Ванчо Прке, Гоце Делчев, Димитар Влахов, Тошо Арсов

-         Средни училишта: Гим. Славчо Стојменски, Средно текстилно училиште Димитар Мирашчиев, Средно електро- техничко училиштеКоле Нехтенин, Средно музичко училиште, Средно медицинско училиште Јане Сандански

-         ЦССОВ Искра

-         во соработка со НВОи

1.3. Едукација на јавноста преку организирање едукативни настани и емисии во медиуми

1.3.1.        Организирање на јавни расправи, трибини, округли маси...

Граѓаните активно учествуваат во едукативните настани

-         број на одржани едукативните настани

-         број на присутни граѓани на настаните

-         однесување на граѓаните со цврстиот отпад

-       Граѓански Информативен Центар

-       НВОи

-       УЗ

1.3.2.        Печатење и дистрибуција на едукативни материјали

Преку печатените материјали граѓаните постојано се потсетуваат на решавање на проблемот со цврст отпад

-         број на заинтересирани граѓани за печатени материјали

-         -однесување на граѓаните

-         Граѓански Информативен Центар

-         НВОи

-         УЗ

1.3.3.        Емитување на радио и ТВ емисии на локално ниво

Локалните радио и ТВ станици со емисии во живо се фокусираат на проблемот со цврстиот отпад

-         број на емитувани радио и ТВ емисии

-         број на јавувања на граѓаните

-         Радио:

-         Канал77,Штип,Черења

-         ТВ:

-         Ирис, Стар

1.4. Иницирање и едукација за одржлив развој

Граѓаните се запознати со основите на одржливиот развој

-         број на едукативни проекти за ОР

-         резултати од анкети

-         НВОи

Цел 2:  Да се воведе еколошко управување со цврстиот отпад

2.1. Едукација на стручен кадар за менаџмент со цврстиот отпад

ЈКП “Исар” има доволно стручен кадар обучен за менаџмент со цврстиот отпад

Број на обучени лица во ЈКП (број на сертификати)

ЈКП

2.2. Истражување и утврдување на реалната состојба со цврстиот отпад во Општина Штип и објавување на резултатите

Локалните власти, ЈКП, бизнис секторот и граѓаните целосно се запознати со фактичката состојба со цврстиот отпад

-         изготвена анализа за сосотјбите со цврстиот отпад

-         прифаќање на анализата од Совет на Општината

-         број на дистрибуирани примероци од анализата до заинтересираните страни

-         ЈКП

-         Совет на Општина

-         НВОи

-         УЗ

2.3. Зголемување на капацитетите на ЈКП Исар

2.3.1.        Набавка на возила за транспорт на отпад од  3-5м3

ЈКП има доволно возила од       3-5 м3

Број на набавени возила од      3-5 м3

ЈКП Исар

2.3.2.        Набавка на една комбинирана ѓубрарка од 24 м3 за индустриски отпад

ЈКП има доволно возила за собирање на индустриски отпад

Набавена комбинирана ѓубрарка од 24 м3

ЈКП Исар

2.3.3.        Набавка на два подигачи на контејнери

ЈКП има доволно подигачи на контејнери за навремено собирање на отпадот од контејнери во сите урбани заедници

Набавени два подигачи на контејнери

ЈКП Исар

2.3.4.        Набавка на 210 броја контејнери од 5 м3 

Во урбаните заедници на Штип има доволно контејнери од 5 м3

Небавени и поставени во урбаните заедници 210 “нови” контејнери од 5 м3 

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.3.5.        Набавка на 100 контејнери од 1м3

Во урбаните заедници на Штип има доволно контејнери од 1 м3

Небавени и поставени 100 контејнери од 1 м3

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.3.6.        Набавка на 3000 броја канти за домаќинства

3000 семејства имаат униформни канти за смет

Небавени и поставени 3000 канти за домаќинства

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.3.7.        Набавка и поставување на 200 броја улични корпи за отпад

200 броја улични корпи се поставени по улиците на Штип

Небавени и поставени 200 броја улични корпи

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.3.8.        Набавка на 2 броја возила метачи

Улиците на Штип постојано се метат со возила

-         Набавени две возила метачи

-         Почисти улици

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.4. Подобрување на наплатата за ѓубрарина

Зголемен финансиски прилив на средства во ЈКП Исар

95% наплата на ѓубрарина

ЈКП Исар

2.5. Собирање на отпад на целото подрачје во градот

Отпадот се собира од сите 19 месни заедници

100% собирање на отпадот од урбаните заедници

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.6. Селективно собирање на отпад во пилот населбата

Отпадот граѓаните од пилот населбата селективно го одложуваат во посебни контејнери

Тони селектиран отпад на рециклажа

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.7. Ширење на селективното прибирање отпад во другите населби

Граѓаните од три урбани заедници селективно го одложуваат отпадот

Тони селектиран отпад на рециклажа од три УЗ

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.8. Едукација за селектирање

Граѓаните се упатени во селектирањето на отпадот на изворот

Граѓаните го одвојуваат и одложуваат отпадот

-         ЈКП Исар

-         УЗ

2.9. Кампања за елиминација на дивите депонии

Зголемен интерес на граѓани за расчистување на дивите депонии

Број на граѓани кои сакааи да учествуваат во расчистувањето

-         ЛС

-         ЈКП Исар

-         УЗ

-         НВОи

2.10. Елиминација на диви депонии

Отпадот од 90% диви депонии е однесен на легална депонија

-         Број на елиминирани диви депонии

-         Вкупен број на диви депонии 3 месеци по акцијата

-         ЈКП Исар

-         УЗ

-         НВОи

2.11. Рекултивација на старата депонија-локалитет “Крстот”

На локалитетот “Крстот” нема депонија

На местото на старата депонија се посадени дрвја и трева и нема ниту траг од отпад

-         УЗ

-         НВОи

Цел 3:  Да се иницира намалување и згрижување на индустрискиот отпад

3.1. Кампања за купување производи со еколошка ознака

Граѓаните бараат од продавачите производи на фирми со еколошка ознака

Број на фирми кои бараат да добијат еколошка ознака

МЖСПП

Цел 4:  Да се иницира забрзано дооформување на законската регулатива за цврстиот отпад и нејзина имплементација

4.1. Кампања за дооформување на законската регулатива за управување со отпадот и имплементација на законите

Врз ресорните министрества и Владата се врши континуиран притисок од граѓанските организации за законско решавање на проблемот со цврстиот отпад

-         Број на испратени дописи до Владата на РМ и ресорните министерства

-         Број на натписи во дневниот печат

-         Број на емисии во медиумите

-         Број на новодонесени подзаконски акти

-         Влада на РМ

-         МЖСПП

-         Министерство за транспорт и врски

-         Министерство за здраство

-         Дневен печат

-         Медиуми

-         Службен весник на РМ

Цел 5:  Да се подобри соработката на сите нивоа помеѓу државните и локалните власти, бизнис секторот и граѓаните

5.1. Изготвување Програма за управување со цврст отпад

Изготвена програма за управување со цврст отпад

Усвоена Програма за управување со цврст отпад

Совет на Општина

5.2. Обезбедување на пристап до информации за животна средина преку Граѓанско Информативниот Центар

Граѓанско информативниот Центар дава информации од областа на животна средина

-         Резултати од анкета

-         Извештаи од работењето на Граѓанско Информативниот Центар

-         НВОи

-         Совет на Општина

5.3. Иницијативи за формирање на фондови за заштита на животната средина на локално, регионално и национално ниво

Покрената расправа за формирање на фондови во МЖСПП и Совет на општина Штип

Извештаи од расправите

-         МЖСПП

-          Совет на Општина

5.4. Преземање на поефикасни активности за изградба на регионална депонија

Меѓуопштинска расправа во регионот и избор на локација

Одлука за градба

Совет на Општина

5.5. Изградба на регионална депонија

 

Изградена регионална депонија

Извшен технички прием и ставање во функција

Судски регистар на фирми

5.6. Давање под концесија на управувањето со цврстиот отпад

Распишан тендер

Донесена одлука за избор на концесионер

Совет на Општина

5.7. Изработка на Програма за управување со цврстиот отпад во селските населби

Изработена програма за управување со цврст отпад во селските населби

Усвоена програма за управување со цврст отпад во селските населби

Службен весник на Општина Штип

 

Активности – спроведувачи и финансии/извори

Активност

Спроведувачи

Финансии / финансиски извори

Цел 1:  Да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да се намали нивната толеранција кон цврстиот отпад

1.1. Едукација на децата од предшколска возраст

Воспитувачи во детската градинка

Министерство за труд и социјална политика

1.2. Едукација на децата од основните и средните училишта

Наставниот кадар при основните и средните училишта

Министерство за образование

1.3. Едукација на јавноста преку организирање едукативни настани и емисии во медиуми

 

 

1.3.1.        Организирање на јавни расправи, трибини, округли маси...

НВОи, МЗ

Донации